Freeform logo

​Privacy Policy


​Декларација за заштита на податоци

Ви благодариме за вашиот интерес за нашата веб-страница.

Заштитата на вашите лични податоци при собирањето, обработката и користењето по повод вашата посета на нашата веб-страница е важна грижа за нас. Вашите податоци се заштитени во рамките на законските прописи.

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на нашата веб страна и објаснува како www.freeform.com.mk ги користи Вашите податоци при користење на нашата веб страница, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи како и испратените електронски пораки до нас. Со оваа Политика за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.

Ве молиме одвојте малку време и прочитајте ги следните информации. Тие ќе ве запознаат за тоа како постапуваме со Вашите лични податоци, како и за која цел се користат овие податоци, кому ги пренесуваме и како ги заштитуваме вашите лични податоци.


Услови за користење

Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт и сите услуги кои тој ги нуди, се смета дека корисниците се запознаени со овие услови и Вие автоматски се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Исто така се поистоветува дека корисниците прифаќаат дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична употреба и на сопствена одговорност. Доколку не се согласувате со овие услови, треба да ја напуштете ја оваа страница и не го употребувајте нашиот сајт.
 

Согласност и промена на условите

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци  со ажурирани детали за нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот, промена на начините за користење и пренос на податоци, нови услови  и начини за користење  и сл. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последна промена ".

Собирање, користење и заштита на податоците

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со позитивните законски прописи за заштита на лични податоци. Сите податоци за купувачите и корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во www.freeform.com.mk се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме, споделуваме или продаваме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица.

Преку користењето на нашата веб страница, ние собираме различни типови на податоци од нашите корисници. Покрај личните податоци, кои се потребни само за ограничен дел од услугите, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со исклучително цел да ја подобриме понудата и изгледот и функционалноста на нашата веб страница и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно пребарување и купување. Повеќе за видот на податоците кои го собираме, можете да прочитате подолу во текстот.

Нашиот сајт користи колачиња – „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.


Податоци за фирмата

ФРИФОРМ ДОО Скопје
адреса: ул. Лондонска 11-б
тел:
e-mail: contact@freeform.com.mk
web: www.freeform.com.mk


Контакт:

Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.freeform.com.mk и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци преку следниот контакт:

Телефон:
e-mail: contact@freeform.com.mk

Во делот КОНТАКТ освен што е истакнат телефонски број и адреса на кој може купувачите и посетителите на сајтот да не контактираат, исто така постои Контакт форма за уште полесно и побрзо да не контактираат, во која може да напишат порака, а при тоа треба да го внесат нивното ИМЕ и Меил адреса. Овие податоци ни се потребни за да можеме да одговориме на прашањето.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

3. За кои цели Free Form ги користи податоците

4. Кога и како Free Form открива податоци 

5. Како Free Form ги собира податоците

6. Безбедност на податоците

7.  Социјални мрежи

8. Приватност на трети страни

9. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)

10. Терминологија

11. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

12. Промена на политиката за приватност


1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и технички (Не-лични) податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на Grouper.mk;
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
  • контактирате со нашата корисничка поддршка
  • оставате коментари на сајтот;
  • ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
  • се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.
 Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас, пополнување на анкета, објавување на мислење, коментар или пост на некоја од социјалните мрежи, испраќање на нас повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во ваква активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме Вашето корисничко искуство, како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

ТЕХНИЧКИ (НЕ-ЛИЧНИ) ПОДАТОЦИ. Технички, Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, Вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и можеме автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies", како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и за законски легитимни и оправдани цели,  за да го подобриме Вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Free Form ја има со Вас.

(а) Промотивни е-маил пораки

При самата регистрација Вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате е-маил известувања. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инструкциите за да го комплетирате отчленувањето. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да Ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени активности на Вашиот профил, или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил. 

(б) Колачиња и други технологии

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата "Поставки на колачиња" која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.freeform.com.mk. За повеќе информации Ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Free Form и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.

3. ЗА КОИ ЦЕЛИ FREEFORM ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со остварување на законски и легитимни цели во електронската трговија и со конкретна цел:

- работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;

- да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;

- да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;

- анализа и спроведување на истражувања;

- да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Free Form и нашите бизнис соработници;

- да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;

- да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;

- да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,

4. КОГА И КАКО FREEFORM ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Бизнис Провајдери, соработници, продавачи и сл.. Овие "трети лица - Бизнис Провајдерите извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.

Независно од преносот, личните податоци ќе останат предмет на заштита согласно условите утврдени со оваа Политика и согласно Законот за заштита на лични податоци. За евентуалните промени, Корисниците ќе бидат информирани со јавна објава на веб страницата. Може да не контактирате со испраќање на е-маил на contact@freeform.com.mk со барање овие податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци, во спротивно се смета дека е дадена согласност да се користат личните податоци, согласно условите од оваа Политика.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

Ние исто така можеме да ги користиме Вашите деловни, лични и демографски податоци за внатрешните анализи. На овој начин, ние постојано можеме да ги подобриме, прилагодуваме и подобро да ги задоволиме Вашите потреби со производите и услугите што ги нудиме. Ние не ги продаваме или изнајмуваме Вашите лични податоци.

5. КАКО FREEFORM ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Податоците кои Вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Freeform.com.mk и непречено да се одвиваат сите активности по успешното завршување на натпреварот/ дарувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате или на било кој друг начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на успешно завршување на дарувањето, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.

Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди Вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.

Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но Вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.

Податоци од паметни уреди користиме кога Вашиот уред има интеракција со нашиот сајт и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

6. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

7. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да им бидат достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите Вашата е-маил адреса заедно со Вашето мислење за некој бренд/ продукт како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

8. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.freeform.com.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

9. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

Free Form не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Free Form изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

10. ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на Free Form, како на пример комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и сл.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт. 

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.

11. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

- право да бидете информирани за обработката на личните податоци

- право на пристап до личните податоци

- право на исправка и бришење на личните податоци

- право на промена, ограничување и престанок на обработката на личните податоци

- право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: contact@freeform.mk или прочитајте ја официјалната политика на следниот линк.

Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за Вашите права

12. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

 Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Се смета дека Корисниците ги прочитале и прифатиле промените со фактичко користење на страницата и веб услугите.


Phone: ​+389 76 200 901

Copyright 2019 FreeForm, all rights reserved