За да оствариме позитивно взаемно искуство, Ве молиме да ги прочитате следните услови пред да ги користите нашите услуги. Секое Ваше посетување на нашата веб-страница, секое користење на нашите услуги подразбира дека целосно се согласувате со наштите Услови за користење наведени овде. Ако не сте согласни со нив, ве молиме да ја напуштите веб-страницата и да не се обидувате да остварите понатамошна интеракција со истата.
Општи одредби
Free Form ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Free Form е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.
Free Form ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Free Form може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Информации кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашата Политика за заштита на приватноста, и ќе бидат користени единствено за интерни потреби.
Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон. Free Form не бара од Вас споделување на доверливи или други информации надвор од неопходното користење на соодветна услуга, и во случај да испраќате такви материјали истите нема да бидат третирани како доверливи и вработените слободно ќе можат да располагаат со нив. Free Form нема никакви обврски кон истите. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели.
Врски (линкови) кон други веб локации
Линковите на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите нашата страница. Free Form ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
Побарување за понуда
Доколку имате потреба од информации или пак сте заинтересирани за конкретен производ или услуга, можете да ни пратите е – маил со истите или да доставите барање за понуда на contact@freeform.com.mk, да не побарате на нашиот телефонски број или да не посетите на нашата локација. Ќе ни биде задоволство да ве запознаеме со големата понуда и можности на нашите производи, да ви помогнеме и насочиме да го направите правилниот избор.
Испорака на продукти
Временскиот рок за доставата на продуктите е директно врзан со производството, моментот кога е направена нарачката (заради годишни одмори и празници во соодветните држави, процеси во производството..), кои се политики на производителот и на кои ние немаме никаква надлежност. Прецизни информации во врска со доставата на нарачките можеме да дадеме по креирање на нарачката, кои ги добиваме директно од производителот.
Курирот пратката ја доставува и монтира на адресата за испорака во предходно договорен ден и временски период. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го споделиле со нас, со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.
Рекламации
Откако курирот ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02XXXXXXXX или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@freeform.com.mk. Нашите вработени телефонски ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да не контактирате телефонски на 02602715 или на меил: contact@freeform.com.mk
Заштита на приватноста на податоците
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Free Form се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Free Form се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Phone: +389 76 200 901
Copyright 2019 FreeForm, all rights reserved